Висок функционер на ОН го предупреди Советот за безбедност

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Висок официјален претставник на ОН за борба против тероризмот денеска го информираше Советот за безбедност дека огромни региони на Африка би можеле да паднат под контрола на групи поврзани со терористичката организација Исламска држава и нејзините филијали, пренесоа американските медиуми.

Во редовниот извештај до Советот, заменик-генералниот секретар на ОН за борба против тероризмот, Владимир Воронков, рече дека филијалите на групата Исламска држава ги „прошириле и консолидирале своите области на дејствување“ во Западна Африка и Сахел.

– Огромна територија што се протега од Мали до северна Нигерија практично би можела да дојде под нивна контрола доколку нивното влијание продолжи да се шири – рече Воронков.

Тој посочи дека филијалите на Исламската држава ги прошириле своите операции и во други делови на континентот, вклучително и делови од Мозамбик, Сомалија и Демократска Република Конго, каде што имало „драматичен пораст на терористичките напади“ во кои загинаа голем број цивили.

Воронков пред Советот изјави дека Исламската држава ги покажала своите глобални намери со преземање на одговорност за нападите на Исламската држава – Хорасан и зголемување на своите операции во Ирак и Сирија.

Share This Article