Виничките пожарникари вчера интервенирале во филтер-станица на територијата на градот каде што од контејнер истекол хлор, гас кој е отровен и може да предизвика сериозни последици

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Виничките пожарникари вчера интервенирале во филтер-станица на територијата на градот каде што од контејнер истекол хлор, гас кој е отровен и може да предизвика сериозни последици.

За оваа опасна ситуација, во која за среќа нема повредени лица, утрово информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК), од каде што велат дека по интервенцијата на пожарникарите опасноста била отстранета.

„Регионалниот центар за управување со кризи Штип, информира дека пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Виница вчера од 8 до 11 часот имале техничка интервенција на боца со хлор од 50 килограми во филтер станица“, се вели во информацијата од ЦУК.

Било интервенирано со две возила, четворица пожарникари и четири други лица. Во настанот нема повредени, но на вработените во филтер станицата им бил даден кислород поради опасност од вдишување на отровниот гас.

ЦУК информираа дека вчера имало вкупно седум пожари на отворен простор, од кои два биле на територијата на Скопје, исто толку во Битола и по еден на териториите на Охрид, Штип и Куманово.

Share This Article