Вимбдлон: Нe ги темпираме ноќните натпревари, нашиот распоред е непредвидлив

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Постои правило на Вимбдлон, тениските натпревари да завршуваат до 23 часот. Правило кое недоамна му зададе главоболка на асот Новак Ѓоковиќ кој играјќи со Холанѓанецот Тим ван Рајтховен мораше да прекине и да го продолжи натпреварот следниот ден. И тоа само за 20 минути до крајот, пишува Гардијан.

За среќа, Ѓоковиќ нешто пред полноќ победи со 3:1 во сетови. Зарем не можеше мечот да биде закажан порано?

– Не гледам причина зошто немаше порано почеток на натпреварот, да бидам искрен, особено сега кога имаме интервјуа на теренот кои претходно ги немаше. Исто така, времето помеѓу натпреварите… Ако си последен на распоредот, сигурно ќе играш во затворени услови и тоа менува сѐ. Полизгаво е, има рефлектори… – се пожали Ѓоковиќ, кој исто така смета дека Вимблдон се обидува да „ги протурка“ ноќните натпревари поради правата за телевизија.

Набрзо, во понеделникот, стигна одговорот од Вимблдон. Извршниот директор на АЕЛТЦ, Сали Болтон го „бранеше“ распоредот на турнирот, велејќи дека нема планови за поместување на времето за почеток или воведување ноќни натпревари.

– Реалноста на тениските турнири е дека кога ќе го започнете денот, немате поим кога тој ќе заврши. Тоа е сосема непредвидливо. Разбирливо е што играчите ни даваат повратни информации врз основа на нивното искуство на турнирот и ние го земаме сето тоа предвид како што планираме, но нема големи промени во распоредот – рече Сали Болтон и додаде:

– Паузите на натпреварите се таму за доброто на навивачите, за да можат да јадат, да се забавуваат, да одат во тоалет.

Сè на сè, изгледа дека Новак Ѓоковиќ повеќе нема да ги послуша организаторите, но добрата вест е што тој сигурно нема да игра во вечерниот термин овој вторник бидејќи четвртфиналниот меч со Јаник Синер е закажан за 14 часот и 30 минути.

Share This Article