Конфликтот во Украина ќе заврши веднаш штом тоа го посакаат САД, бидејќи Украина го загуби својот суверенитет, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
– Мирот ќе завладее веднаш ако тоа го сакаат Американците. А зошто Американците не го сакаат тоа, тоа е прашањето за кое размислува целиот свет. Украина всушност го загуби својот суверенитет – нема пари, нема воена индустрија, нема сопствени воено-производствени капацитети. Украина добива пари и воени ресурси главно од Американците и од Западот – истакна Орбан.
Како што додава, ако во Вашингтон сакаат мир, кога би повикале на прекин на огнот и преговори, „тоа би се случило следното утро“.
– Ниту на самитот на НАТО не добивме одговор зошто Американците не го сакаат тоа – изјави Орбан за радио „Кошут“.
Зборувајќи за членството на Украина во НАТО, премиерот на Унгарија рече дека приклучувањето на Киев ќе доведе до трета светска војна.
– Ако го направивме тоа што го бара украинскиот претседател, ќе бидеме во Трета светска војна. Мораме да бидеме подготвени за фактот дека војната и санкциите нема да исчезнат од нашите животи – рече Орбан.
Претходно, Орган рече дека мирот во Украина може да се постигне само по преговорите меѓу Русија и САД, а Европа ја пропушти шансата да биде посредник бидејќи не успеа да обезбеди спроведување на договорите од Минск.