Викендов зголемување на облачноста, ќе дува засилен ветер од јужен правец, на повеќе места над 60 километри на час

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

За време на викендот ќе има зголемување на облачноста, ќе дува засилен ветер од јужен правец, на повеќе места над 60 километри на час, и ќе се задржи релативно топло време, информират од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од недела кон крајот на денот и во текот на работната седмица, под влијание на серија влажни бранови ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на повисоките планини ќе врне снег.

Во ноќните часови кон понеделник локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Дневната температура од понеделник ќе биде во опаѓање.

Share This Article