Времето викендов ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Претежно во источните делови процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и појава на град. УВ ќе изнесува 5 – информираат од УХМР.
Минималната температура денеска ќе се движи од 11 до 17 степени, а максималната ќе достигне од 22 до 31 степен.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
И во недела времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, на места со поинтензивни процеси во форма на невреме со силен ветер и појава на град. Потоа следува сончево и топло време со мала до умерена облачност, попладне со изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.
Минималната температира во недела ќе биде од 8 до 17 степени Целзиусови, а максималната дневна температура во јужните делови од земјата ќе достигне до 32 степени Целзиусови.