Немања Видиќ не се откажува. Легендарниот репрезентативец ја продолжува борбата за поддршка на фудбалска Србија и мандатот на првиот човек на домашниот фудбал.
Немања Видиќ за прв пат по објавувањето на намерата да се кандидира за функцијата реши да размисли за текот на изборниот процес. Без дилеми и запирки, со јасна порака – спремен е да оди до крај!
„И покрај приказните кои кружат, сакам да истакнам дека не се откажав од својата кандидатура и дека како услов за официјална кандидатура ги имам потписите на пет делегати. Ме поддржаа и пред шпекулациите за кандидатурата на Драган Џајиќ. За жал, притисоците се големи и врз делегатите и врз потенцијалните членови на мојот Извршен одбор“, истакна Немања Видиќ во изјава за Спорт Клуб.
Следуваше конкретен коментар.
„Не гледам зошто мојата кандидатура е проблем и сакам да истакнам дека зад се стои Звездан Терзиќ, кој очигледно сака да се бори со сите легенди на Звезда. Не се откажувам, како никогаш“, изјави легендарниот ас.