Добре Воде, малото заливче меѓу Улцињ и Бар на црногорското крајбрежје на Јадранското Море, се чини дека оваа сезона е апсолутен хит меѓу странските туристи.
И тоа не е добра вест. Така барем сугерира една објава на Твитер, во која еден корисник покажа колку е гужва. Видеото стана вирално.
„Нема начин да се доближиме до водата. Прегазувате луѓе и крпи. Наезда на жолти мравки…“, напиша таа.
Иако е тешко да се процени од каде се упатиле сите овие луѓе на плажа, факт е дека оваа сцена целосно ја уништува идејата за идиличен одмор и уживање на плажа.
„За мене ова е толку ужас. Мислам дека не би можел да останам овде пет минути. Сепак би нашол некоја дива плажа, ова е хорор“, беше коментарот кој собра најмногу лајкови на корисниците.