Дејвид Бекам е човек кој го редефинирал статусот на ѕвезда во фудбалот бидејќи многумина не ни знаеле дека е фудбалер. Дамите ширум светот го обожаваа, иако не знаеја во кој клуб игра.
Во Кина и низ Азија тој е најголемата ѕвезда досега, а луѓето буквално се онесвестуваат од возбуда кога ќе го видат. Сепак, Бекам си остана верен на себе, заработи милиони, но тоа не значи дека заборави од каде доаѓа.
Во еден момент за време на снимањето на документарниот серијал упаднал во интервју со сопругата Викторија.
„Бевме многу работничка класа…“, рече Викторија кога Бекам ѕирна низ вратата.
Биди искрен“, рекол Дејвид, на што таа одговорила дека е искрена.
„Со кој автомобил те возеше татко ти на училиште?“ праша Дејвид.
„Па, татко ми…“ започна Викторија, кога Дејвид повторно го прекина.
„Не, еден одговор“.
„Тоа не е едноставен одговор.
„Која кола ја користеше татко ти за да те одведе на училиште?
„Зависи“, возврати таа.
“Не. Не, не, не, не“.
На крајот Викторија попушти и рече.
„Во ред, во текот на 80-тите ме возеше со Ролс Ројс.
„Ти благодарам“, рече Дејвид и ја затвори вратата, а Викторија само горко се насмеа.
А овој дел не бил во планот на интервјуто, се претпоставува дека ни Бекамови не знаеле дека навистина ќе биде објавен, туку само „сече“. Сепак…