Украинска фабрика за тенкови во Житомир, која се наоѓа на околу 140 километри западно од Киев, била нападната од руските сили.Си-Ен-Ен објави видео објавено вчера на Телеграм, на кое се гледа дел од фабриката за тенкови и наведува дека ја проверил автентичноста на видеото кое прво беше објавено на прорускиот канал на Телеграм.
На видеото се гледаат украински војници како ја проверуваат штетата во фабриката за тенкови. Се чини дека едниот му раскажува на другиот како успеале да ги преживеат нападите. Имено, многу згради во комплексот фабрички погони беа срамнети со земја. На снимката се гледа уништена зграда, скршено стакло, купишта метал и бетон.„Да бидам искрен, денес навистина бевме исплашени“, му рекол еден војник на друг.
Житомир во последните денови беше под силни напади на руската армија.