Од германската фабрика Grünheide излегоа првите автомобили од американскиот производител Tesla. Првата производствена фабрика во Европа е отворена во Германија, бидејќи компанијата се обидува да го намали притисокот врз другите нејзини фабрики во САД и Кина.Фабриката ја посети и основачот и извршен директор на Tesla, кој танцуваше и се пошегува со фановите.
Ова е почеток на производството на американски автомобили во Европа, само две години откако беше најавено, објави Ројтерс.
„Ова е одличен ден за Тесла“, рече Маск, пред да го поздрави лансирањето како „уште еден чекор кон одржлива иднина“, објави Ројтерс. Директорот на Тесла ги оживеа спомените од лансирањето на фабриката во Шангај во јануари 2020 година, каде што покажа и дел од неговите танцови движења.
Се очекува Маск да ја пресече црвената лента во новата Gigafactory Берлин-Бранденбург, лоцирана во Grünheide.