Тешки борби се водат низ Украина, а бројни градови беа бомбардирани и гранатирани во петокот. Меѓу нив е и Днепар.Днепар беше гранатиран за прв пат од почетокот на инвазијата, а во нападите има и жртви. Објавено е и видео на кое се гледа експлозијата, односно моментот кога е извршен воздушниот напад на реките Днепар.
Најмалку едно лице загина откако руските сили утринава го гранатираа централниот украински град Днипро, соопштија властите.Државната служба за итни случаи соопшти дека три воздушни напади се случиле во раните утрински часови во близина на градинка и станбена зграда.