Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува како работник на Гаспром го исклучува снабдувањето со гас, а барометарот покажува пад на притисокот на нула.
Во видеото може да се слушне и руската песна „Зимата ќе биде долга“, во која е вклучена репликата: „Види, преку реката, есента тивко умира… А зимата ќе биде долга, само самрак и снег“.
Во видеото се објавени и снимки од Брисел, Берлин, Париз и Лондон под снег и мраз.
Видеото на Твитер го објави Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.