Се појави видео од спасувањето на кученцето Памбука кое поминало 60 часа заробено во урнатините на Турција.Слаткото бело куче трпеливо чекало додека спасувачите го извлекувале од урнатините од кои претходно го извлекле неговиот сопственик, кој веднаш бил пренесен во болница.
Памбук веднаш доби храна и вода и благодарно и малку збунето гледаше во се околу себе.Инаку, нешто порано, по 55 часа, од урнатините во провинцијата Хатај е спасено куче. Меѓутоа, тој, за разлика од Памбука, бил толку исцрпен што морал веднаш да прими инфузија.