На социјалните мрежи се споделуваат видеа од големиот пожар во Санкт Петербург.
Чад го покри небото над градот, а руските служби известија дека пожарот зафатил површина од 1.400 метри квадратни.
Велат дека фабриката за климатизери гори, но тоа не е потврдено, пренесува Јутарњи лист.
Причината за пожарот се уште не е позната.
Висок украински функционер вчера изјави дека е зголемен бројот на напади со беспилотни летала на руска територија и дека ваквите настани покажуваат дека војната во Украина постепено се префрла во Русија.