Спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по преживеани во урнатините по разорните земјотреси што ја погодија турско-сириската граница. Бројот на загинати постојано се зголемува и сега се искачи на повеќе од 11.200. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во 10-те региони најпогодени од земјотресите.Во Турција спасувачите извлекоа двомесечно бебе, кое преживеа три дена во урнатините на земјотресот.