Еден авион на лет во Шпанија минувал низ силно невреме, поради што бил зафатен од застрашувачки турбуленции.Патниците врескаа и плачеа на летот меѓу Аликанте и Мајорка, Шпанија, откако авионот беше погоден од силни турбуленции во неделата на 27 август.
Според пилотот, авионот бил потресен од ветрови со брзина од околу 100 километри на час. Тие не можеа да слетаат на шпанскиот остров и беа принудени да се вратат во Аликанте.
Видеото од инцидентот го снимила шпанската танчерка и акробат, Естела Ортс, пренесува Independent.
Видеото од настанот го споделила на својот Инстаграм профил, а шпанскиот акробат во описот напишал: „Луѓето и децата врескаа, беа лоши, не можев да ги задржам солзите. Авионот се тресеше како воз од забавен парк се додека пилотот не успеа да го стабилизира леталото“.