More

    Вежбата „Студен одговор 2022“ била закажана пред инвазијата на Русија на Украина

    spot_img

    Од денеска до 1 април во Норвешка почнуваат воени вежби, со учество на 30.000 војници од НАТО и сојузниците.

    Околу 30.000 војници, 200 авиони и 50 пловни објекти од 27 земји учествуваат во вежбата „Студен одговор 2022“, најголемата вежба во која учествуваат трупите на НАТО оваа година. Вежбата ќе се одржи на неколку стотици километри од руската граница.

    Вежбата „Cold Response 2022“, планирана долго пред инвазијата на Москва на Украина, има за цел да тестира како Норвешка ќе се справи со присуството на сојузничките засилувања на нејзината територија во согласност со член 5 од Повелбата на НАТО, кој ги повикува земјите-членки да дојдат до помош на друга земја-членка која била нападната.

    Како и во претходните години, на вежбата учествуваат и соседните Шведска и Финска, кои се воено неутрални, но се поблиски партнери на НАТО.

    – Ова е одбранбена вежба. Ова не е воена операција со офанзивна цел – рече генералот Ингве Одло за ТВ2.

    Организирани на секои две години, поморски, воздушни и копнени вежби се одржуваат на широк простор од Норвешка, вклучувајќи го и Северниот поларен круг.

    Русија ја одби поканата на Норвешка да испрати набљудувачи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img