Вежбале да ја нападнат Кина, ама се пазат од Украина?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Russian President Vladimir Putin speaks during a press conference following the Belt and Road Forum in Beijing, China, October 18, 2023. Sputnik/Sergei Guneev/Pool via REUTERS ATTENTION EDITORS - THIS IMAGE WAS PROVIDED BY A THIRD PARTY.

Протекоа воени документи кои ја открија руската доктрина за тактичко нуклеарно оружје, вклучувајќи ги и минималните критериуми за негова употреба, објави „Фајненшал тајмс“ (ФТ). Станува збор за 29 воени досиеја кои датираат од 2008 до 2014 година, а експертите велат дека прагот за употреба е понизок од тоа што Москва некогаш јавно признала.

„Критериумите се движат од непријателски упад на руска територија до поспецифични сценарија, како што е уништувањето 20% од руските подморници со стратешки балистички проектили”, пишува ФТ.

И уништувањето три или повеќе големи воени бродови, три аеродроми,  30 отсто од нуклеарните подморници или истовремен удар на главните и на резервните крајбрежни командни центри се потенцијални услови за нуклеарен напад.

Руските тактички нуклеарни оружја се дизајнирани за употреба на бојното поле во Европа и вo Азија и имаат поограничен опсег во споредба со стратешкото нуклеарно оружје кое би можело да дофрли и до САД.

Документите укажуваат и на недоверба кон Кина и покрај подобрувањето на врската меѓу Москва и Пекинг. Во записите е евидентирано дека во источниот дел на Русија се изведувале вежби во хипотетичко сценарио на напад врз Кина. Москва можеби се плаши дека Пекинг би можел да го искористи својот воен фокус на Западот за да започне прекуграничен напад за освојување на територијата на Далечниот Исток на Русија, наведува ФТ.

Русија продолжува да спроведува воени вежби во близина на Кина. Во јуни и во ноември 2023 година, руските сили спроведоа вежби во регионите кои се граничат со Кина користејќи проектили со нуклеарно оружје.

А како е во случајот со Украина? Вилијам Алберки, Директорот за стратегија, технологија и контрола на оружјето во Меѓународниот институт за стратешки студии изјави за ФТ дека Русија најверојатно има повисок праг за користење тактичко нуклеарно оружје против Украина од страв дека конфликтот може да ескалира и „да доведе до директна интервенција од страна на САД или Велика Британија“.

Share This Article