Вежба за „всадување“ патриотизам на руски начин

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Група руски деца вежбаат гаѓање користејќи фотографии од американскиот претседател Џо Бајден, неговиот украински колега Володимир Зеленски и од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг како цели. Весникот Аргументи и Факти, кој е под контрола на руската влада, објави како сликите на светските лидери биле поставени на мало затворено стрелиште во техничкото училиште во сибирскиот град Томск, на околу 4.500 километри источно од Москва.

Антон Герашченко, советник на украинското Министерство за внатрешни работи, објави кратко видео од гаѓањето, иако не е јасно што користеле децата како муниција.

„Во Русија децата се учат на патриотизам додека пукаат во Бајден, Зеленски и Столтенберг“ – напиша Герашченко.

Вежбите за гаѓање се одржани како дел од вториот годишен фестивал „Мирен воин на Руската Федерација“ на Факултетот за градежништво во Томск. Настанот беше организиран од групата Воен памфлет – наши момчиња.

„Посебно е важно кај помладата генерација да се всадат концептите на патриотизам, љубов кон татковината и зачувување на нашата историја и руската традиција“ – се вели во соопштението на организаторите на социјалните мрежи.

Организаторите истакнуваат и дека меѓу гостите на настанот имало и членови на платеничката група Вагнер, Томското поморско братство, Групата на советските сили во Германија, Регионалниот совет на ветераните и Народниот фронт на регионот Томск. Имло и претставници на руското Министерство за вонредни ситуации, како и припадници на руската гарда.

Share This Article