Ветил дека ќе им отвори фирма во Дубаи, ама ги измамил

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Жител на тетовско село (57), во четвртокот на 28 март во 14.40 часот, пријавил во СВР Тетово дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија, во текот на минатиот месец, нему и на уште едно лице им ветил дека ќе им отвори фирма во Дубаи, а за возврат тие во три наврати му платиле вкупно 11.000 евра.

Но, фирмата не им била отворена, ниту, пак, им ги вратил парите, по што сфатиле дека се измамени, информира полицијата.

Од СВР Тетово апелираат на внимателност.

– Апелираме граѓаните особено да внимаваат кога стапуваат во контакт со непознати лица кои им нудат разни услуги или производи и доколку се посомневаат дека се жртви на измамници, да пријават на бесплатниот број 192 или во најблиската полициска станица – нагласува портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Годинава на тетовско-гостиварското подрачје се евидентирани околу 15 измами, од кои повеќето се целосно расветлени, а сторителите се откриени.

Последниот пријавен случај се расчистува и се документира.

Share This Article