Вест Хем постигна договор за ангажирање на дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, објави „The Athletic“.
„Чеканите“ за 30-годишниот играч ќе платат 30 милиони фунти (34,8 милиони евра). Се очекува личните услови на договорот да бидат лесно договорени меѓу страните.
Мегваер е во Манчестер јунајтед од 2019 година и е под договор до летото 2025 година. Дефанзивецот минатата сезона одигра 31 натпревар за Јунајтед без да постигне гол. Во текот на летото Мегваер ја загуби капитенската позиција во клубот.
Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 20 милиони евра.