More

    Весникот „Њујорк Тајмс“ ја коментира изјавата на шефот на револуционерната гарда

    spot_img

    Откако САД се заканија дека ќе одговорат на нападот со дронови во кој загинаа тројца американски војници, а беа повредени 40, Иран сугерира дека не сака конфликт, пишува „Њујорк Тајмс“. Шефот на иранската Револуционерна гарда во средата рече дека Техеран „не бара војна“, што се чини дека сигнализира дека нема да ги ескалира тензиите.

    Но, шефот на гардата исто така предупреди дека Иран е подготвен да одговори доколку биде нападнат.

    – Слушаме заканувачки зборови од американски официјални претставници – изјави генералот Хосеин Салами,  цитиран од иранските државни медиуми.

    – Вие нé тестиравте, но ние во Иран си се знаеме себе – ниедна закана нема да ја оставиме без одговор – додава тој.

    Нападот кој се случи врз кулата „22“ на границата меѓу Јордан и Сирија аналитичарите брзо го нарекоа најголема ескалација на Блискиот Исток откако изби војната во Газа. САД го обвинија Иран дека стои зад финансирање на нападот. Подоцна милитантната група Исламски отпор од Ирак ја презеде одговорноста за нападот.

    Она што изненадува, според „Њујорк Тајмс“ е тоа што во вторникот групата одлучи да ги прекине своите операции во Ирак под притисок на ирачката влада, но и на владата на Иран.

    Најавата дојде набргу откако претседателот Бајден на новинарско прашање дали одлучил да одговори на смртоносниот напад кратко рече „Да“.

    По изјавата порасна стравот во Ирак дека САД можат одмаздата да ја изведат токму на територија на Ирак.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img