Весна Дамева е нов претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Весна Дамева е нов претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија. Како единствен предлог Дамева, на денешната седница беше изгласана со десет гласа „за” и еден „против”. Изборот на Дамева, доаѓа откако Павлина Црвенковска минатата недела, на неколку месеци од истекот на мандатот поднесе неотповиклива оставка од позицијата претседател на Судски совет.

По гласањето Лорета Георгиева, член на Судскиот совет побара гласањето да биде јавно со кревање на рака. По повторување на процесот на гласање резултатот повторно беше ист. Десет гласа „за” и само еден „против” (Лорета Георгиева) за изборот на Дамева за претседател на Судскиот совет.

Функцијата претседател на Судски совет на РСМ се избира со мандат од две години од редот на членови на советот, кои се избираат од Собранието.

Share This Article