More

    Весиќ кој е притвор започна штрајк со глад од прв ден!!!

    spot_img

    Поранешниот српски министер за транспорт Горан Весиќ, кој од вчера е во притвор, започна штрајк со глад.За потсетување, Вишото обвинителство во Нови Сад вчера нареди апсење на 13 лица поради трагедијата на Главната железничка станица на 1 ноември во тој град, а меѓу уапсените беше и претходниот министер за градежништво и инфраструктура Горан Весиќ, в.д. директор на „Српска железничка инфраструктура“ Јелена Танасковиќ и Анита Димоски, в. г. помошник министер за железница и интермодален транспорт.

    По веста дека е уапсен, се огласи и самиот Весиќ кој рече дека доброволно одговорил на повикот на полицијата.

    „Не бев уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицајците со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои довеле до несреќата во Нови Сад. Секогаш, како и досега, ќе им бидам на располагање на надлежните органи и ќе докажам дека не сносам кривична одговорност за овие трагични настани. Адвокатската канцеларија што ме застапува во овој случај ќе комуницира со јавноста и медиумите за понатамошното развој на настанот“, рече Весиќ.

    Пет дена по трагедијата во Нови Сад, Весиќ поднесе оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, велејќи дека во Србија има морална одговорност.

    – Поднесов оставка како одговорен човек кој со личен пример сака да покаже дека во денешна Србија има морална одговорност поради страшната трагедија што се случи во ресорот со кој раководам. Ја напуштам оваа функција со чиста совест и горд на резултатите што остануваат зад мене, како и на тимот на Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура што работеше со мене. Работев со голема почит и одговорност кон граѓаните, како и со најдобра вера исклучиво во интерес на Србија – потенцираше тогаш Весиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img