More

    Вештачката интелигенција создаде чудна ревија со светските лидери

    spot_img

    Сопственикот на социјалната мрежа Икс, Илон Маск, сподели видео, генерирано со вештачка интелигенција, на кое светските лидери шетаат на модна писта облечени во необични комбинации – Џо Бајден во инвалидска количка, Трамп во портокалова затворска униформа, а Путин во фустан со боите на виножитото.

    „Дојде времето за модна ревија смислена од вештачката интелигенција“, напиша Маск на видеото кое стана вирално.

    Модната ревија ја отвора Папата Франциско во бела дебела јака, со златен ремен. По него следува рускиот претседател Владимир Путин во „Луј Витон“ фустан со боите на виножитото, а следен е американскиот претседател, Џо Бајден, кој е во количка и носи камуфлажно одело.

    И самиот Маск го има на видеото. Тој првин оди топлес, со костим за капење и со трегери во знакот на „Икс“, а потоа околу него се формира футуристички костим со знакот на „Тесла“.

    Доналд Трамп е во портокалово затворско одело со лисици кои му висат од рацете.

    Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, е во рап фазон, а кинескиот претседател Си Џингпинг носи облека со слики од Вини Пу.

    Основачот и директор на „Мета“ и ривал на Маск, Марк Закерберк, на пистата шета во зелен костум од гуштерска кожа, а поранешниот американски претседател Барак Обама се појавува во „Матрикс“ издание и менува десетина различни комбинации.

    Тука е и потпретседателката на САД, Камала Харис, со здолниште на кое е напишано „Харис 2024“, како јасна порака дека е најверојатниот кандидат на Демократите на престојните претседателски избори.

    Освен нив, во видеото се појавуваат и Тим Кук, Џастин Трудо, Бил и Хилари Клинтон, Нарендра Моди, Џеф Безос, Берни Сандерс, а крајот е резервиран за основачот на „Мајкрософт“, Бил Грејтс, со екран на кој се појавува синиот екран на смртта.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img