Крв направена во лабораторија првпат е пренесена во човек, а тоа – како дел од новото клиничко тестирање вештачка крв во светот.
Тоа било мало количество крв, за да се дознае како телото ќе реагира на неа. Научниците веруваат дека трансфузијата ќе продолжи да се заснова на дарувањето крв, но тука нивната цел е да се направат ретки крвни групи. Тоа им е најпотребно на оние луѓе кои зависат од чести трансфузии за ретки болести, како што е српеста анемија, каде што ако крвта не е целосно соодветна, тогаш телото не ја прифаќа и третманот не е успешен.
Научници од универзитетите во Бристол, Лондон и Кембриџ и Националниот здравствен систем на Велика Британија се занимавале со лабораториско производство на крв. Процесот на производство трае 3 недели, т.е. додека крвните зрнца не се во состојба погодна за трансплантација. Во клиничкото тестирање учествуваат две лица, а целта е да се тестира крв меѓу најмалку 10 здрави луѓе. За минимум 4 месеци испитаниците ќе примат две дози крв од пет до 10 милилитри. Првата доза ќе содржи природна крв, а втората ќе содржи крв создадена во лабораторија. Научниците очекуваат дека лабораториската ќе биде дури и подобра од природната крв.
Постојат и одредени финансиски и технолошки предизвици во лабораториското производство на крв. Многу веројатно, ќе бидат потребни уште многу истражувања за да се стигне до потребните количини.