Весела Чернева, бугарска пратеничка и советничка на екс-бугарскиот премиер Кирил Петков е под истрага дека ѝ оддала тајни информации на Македонија во преговорите меѓу Скопје и Софија. Истовремено, бугарското обвинителство отвори истрага и против Петков и Асен Василев, потпретседател на партијата на Петков, под сомнение дека не ги заштитиле бугарските национални интереси.
Чернева е обвинета дека го „координирала ставот на бугарското Министерство за надворешни работи со македонски државјанин во текот на преговарачкиот процес на македонски државјанин во текот на преговарачкиот процес на Република Северна Македонија со Европската Унија“.
Големата расправа во бугарското Собрание на оваа тема го стави на тапет Пламен Тончев, шефот на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС).
– Ова се однесува на информации чувствителни на целото општество и нема да можам да одговорам подетално, зашто има поведено предистражна постапка. По контраразузнавачка линија е утврден случај во кој советник на премиерот во тој момент ги пренесувал позициите на Министерството за надворешни работи на граѓанин на Македонија – рече тој на прашање на партијата „Предодба“ пишува бугарскиот портал 24часа.
Тој беше прашан дали во ДАНС има податоци дека се прават обиди од странски амбасади да „инсталираат“ свои агенти во бугарските безбедносни служби, како и дали агенти на странски држави биле бугарски министри.
– Тешко е директно да се одговори на вакво прашање со да или не, но однесувањето на некои министри кои беа во редовниот кабинет дефинитивно не го заштитија националниот интерес. Од самиот пример што го дадов со предистражната постапка против советник на премиерот за давање информации на граѓанин на Северна Македонија за преговарачкиот процес, сите знаеме дека дејствијата на ова лице не се извршени без знаењето на неговиот раководител – нагласи претседателот на ДАНС.
Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи пак, за порталот 360 степени изјави дека во тој период при разговорите со Чернева бил направен најмал исчекор.
– Со Весела Чернева, како советничка на бугарскиот премиер Кирил Петков, ги водевме најтешките преговори – вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во изјава за 360 степени.
Тончев одговори дека последниве две години се утврдени два случаја во кои документи на Агенцијата биле достапни за надворешни извори.
Се шпекулира дека хајката против Чернева е со цел да се делегитимира партијата „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков и нејзиното учество во можната нова влада која треба да има ротациски премиер. Мандатот за формирање влада го доби Никола Денков од про-западната партија „Континуирана промена“.