More

    „Верувам во Господ“, прва изјава на Сашко Георгиев

    spot_img

    Новиот претседател на Судскиот совет Сашко Георгиев кој беше избран вчера на седница зад затворени врати им се обрати на медиумите и им посочи дека е голем верник.

    – Јас верувам во Господ, верувам во себе, во Вас, во сите колеги дека ќе има позитивни работи – рече Георгиев.

    Георгиев беше еден од седумтемина обвинители кои минатата среда набрзина и во законски непредвидена процедура гласаа за разрешување на Весна Дамева од претседателската функција во Советот.

    Георгиев во своето обраќање не соопшти каков е неговиот став за чувањето предмети во фиока и како ќе се однесува кон такви судии меѓу кои е, како што утврди и тим од Судскиот совет и апелациониот судија Енвер Беџети.

    Сашко Георгиев е избран за нов претседател на Судскиот совет со 8 гласа „за“ и 4 „против“. Поранешната претседателка Весна Дамева си замина пред почетокот на седницата.

    Георгиев гласал за сам себе. По две одложувања, бидејќи членовите не можеле да ги соберат потребните осум гласа за избор на нов претседател, седницата се одржа вчера тајно. Осмиот глас  го дала судијката Тања Чачарова Илиевска, која гласала „за“ .

    Како што е познато, Дамева беше разрешена по иницијатива на заменик претседателот Селим Адеми, кого го поддржаа уште 6 члена на Судскиот совет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img