Верушевски ќе добие надомест за нематеријална штета

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Врховниот суд делумно го усвои барањето на поранешниот разузнавач Зоран Верушевски за надомест на нематеријална штета за неосновано лишување од слобода и нарушување на угледот и честа. Со пресудата што Врховен ја објави на 3 јули годинава се прифаќа барањето државата на Верушевски да му исплати по пет илјади денари за секој ден поминат во притвор во 2015 година за предметот „Пуч“ или вкупно 1,7 милиони денари (27.976 евра) за 344 дена поминати во притвор.

На оштетниот му следува и законска казнена камата во висината на референтната стапка на НБ на РСМ, што за секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за осум процентни поени, сметано од денот на пресудувањето – 26.05.2021 година, до конечната исплата, во рок од 15 дена по приемот на пресудата. Државата, исто така, се задолжува на Верушевски да му ги надомести парничните трошоци во постапката во вкупен износ од 227.642 денари.

Врховниот суд утврдил дека е основан ревизискиот навод за погрешна примена на материјалното право од страна на пониските судови, а со оглед на утврдената фактичка состојба од првостепениот суд, прифатена во целост и од второстепениот суд.

Овој суд смета дека вака досудениот износ на име надомест на нематеријална штета претставува сатисфакција за ублажување на душевните болки на тужителот поради повреда на личните права – чест, углед и слобода поради неоправдано лишување од слобода – притвор, истиот е справедлив и не е во спротивност на природата на правото на надоместокот, ако се има во предвид значењето на повреденото добро и целта за која служи овој надоместок, се вели во образложението на пресудата на Врховен.

Верушевски беше притворен во 2015 година откако почнаа да се објавуваат бомбите со обвинувања за неовластено поседување на службениот пиштол, а потоа и за велепредавство и шпиунажа. Тој беше советник за национална безбедност на поранешниот премиер Зоран Заев, а функцијата сè уште ја извршува.

Share This Article