Иако големи ривали на патеката и со различни мислења за многу прашања, Макс Верстапен и Луис Хамилтон, конечно се најдоа на иста страна.
Седумкратниот и двократниот шампион во Формула 1 се согласува дека најбрзиот вагон треба да добие една трка во Африка.
Темата е иницирана од Хамилтон, како единствен возач со темна кожа во Формула 1.
„Мојот сон е да имам трка во Јужна Африка. Секој би имал можност да види за каква прекрасна земја и прекрасен континент се работи“, изјави асот на Мерцедес.
Со него се согласи и Макс Верстапен, актуелниот шампион.
„Ни треба една трка во Африка. Сега имаме конкуренција на сите континенти, остана само Африка. Тоа е следниот чекор за Формула 1. Имаме историја во Јужна Африка, на пример. Би било прекрасно да се вратам таму“, изјави Холанѓанецот.
Новиот шампионат во Формула 1 стартува на 5 март, а првата трка е закажана во Бахреин. Целата сезона можете да ја следите исклучиво во директни преноси на каналите на Sport Club.