Музичарот Машин Ган Кели доживеал струен удар за време на неговиот последен концерт.
Вереникот на Меган Фокс на Инстаграм-стори објави видео на кое може да се види како во еден момент целата коса му е во воздухот.
– Ме удри струја и косата ми се крена – напиша музичарот со видеото.
Кели не откри повеќе детали за тоа колку бил силен струјниот удар, но ТМЗ објави дека не му била потребна медицинска помош.
Тие исто така објавија дека по речиси двочасовниот концерт на MGK, тој и неговата вереница Меган Фокс присуствувале на Super Bowl забавата на Дрејк.
Кели вечерва треба да настапи на забавата на Sports Illustrated Super Bowl.