Верен сојузник на Путин ја нападна германската министерка Баербок

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Владимир Соловјов, истакнат руски пропагандист и верен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, ја нападна германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок. Соловјов е водител на политичка програма на каналот Русија-1 под контрола на Кремљ и е познат по своите контроверзни коментари.

„Внимание, Германија! Рускиот пропагандист Соловјев се заканува дека „Берлин ќе гори“ додека извикува навреди кон Аналена Баербок, германска министерка за надворешни работи“ – предупреи советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко, кој на Твитер го објави видеото во кое од Соловјов ја напаѓа  Баербок и ја нарекува глупачка и будала.

 

„Аналена Баербок, ќе видиш како поради твојата расипана глупост, Берлин ќе гори, а над зградата на Рајхстагот ќе има победничко знаме!“ – вели рускиот пропагандист.

Соловјов упатува погрдни зборови и навреди кон германската министерка за надворешни работи, лут поради германската поддршка за Украина.
„Затоа што си глупава жена што се обидува да го одмазди мажот на својата баба, но не и својот дедо кој се борел против советските војници во Кенигсберг. Па, глупава идиотке, тоа е сега Калининград“ – вели Соловјов, пред да и каже на Баербок „да пушти мустаќи“.

„Кој ти даде право да го фрлиш народот во овој страшен оган на војната?“ – прашува гневно рускиот водител.

Неговата критика дојде откако Баербок во понеделникот рече дека Германија ќе продолжи да ја помага Украина и во текот на зимата и дека Берлин планира да ја зголеми помошта во текот на следната година.

– Не само што ќе ја продолжиме нашата поддршка за Украина, туку ќе продолжиме да ја шириме и да ја зголемуваме – истакна Баербок.

Share This Article