More

    Венецуелската опозиција не ги признава резултатите

    spot_img

    Николас Мадуро победи на претседателските избори во Венецуела и доби трет шестгодишен мандат со освоени 51,2% од гласовите, објави Изборниот совет, по кампањата извалкана со тврдењата за заплашување на опозицијата и стравувањата од измама.

    Елвис Аморосо, претседател на Изборниот совет, лојален на владата, изјави дека 44,2% од гласовите му припаднале на опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес Урутија, кој водеше во предизборните и во излезните анкети.

    Спротивно на ова, опозициската коалиција во Венецуела денеска не ја прифати изборната победа на Мадуро.

    „Сакаме да и кажеме на цела Венецуела и на светот, дека Венецуела има нов новоизбран претседател, а тоа е (кандидатот) Едмундо Гонзалес Урутија“, изјави лидерот на опозицијата Марија Корина Мачадо пред новинарите, додавајќи: „Победивме“.

    Вашингтон e „сериознo загрижен“ дека резултатите од изборите во Венецуела со кои претседателот Николас Мадуро е прогласен за победник не се точни, изјави денеска американскиот државен секретар Антони Блинкен.

    – Сериозно сме загрижени дека објавениот резултат не ја одразува волјата или гласањето на венецуелскиот народ – рече Блинкен кој е во посета на Јапонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img