67-годишен велосипедист почина откако вчера бил удрен од автобус во скопски Илинден.
Како што информираат од СВР Скопје, вчера во 18.00 часот било пријавено дека на автопатот Кумановo-Скопје, под клучка „Илинден“, автобус „неоплан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Д.(63) од Скопје, удрил во велосипед управуван од Т.Н.(67) од Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.