More

    Велковски предлага мерки против иселувањето на младите

    spot_img

    Заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска на дебата во македонското Собрание зборуваше за намалениот наталитет и иселувањето на младите и предложи серија од мерки со кои тие треба да се задржат во Македонија.

    – Големо е значењето на дебатата на која се обратив денеска во Собранието на Република Македонија, за младински политики и Законот за младинско учество и политики – тема која е од клучно значење за иднината на нашата држава. Како заменик министер, свесен сум дека младите се движечката сила на нашето општество, а оваа дебата е можност да зборуваме за предизвиците и можностите кои ги имаме пред нас. Македонија е соочена со сериозни демографски и социо-економски предизвици, кои ги засегаат токму младите. Намалениот наталитет, иселувањето и недостигот на перспективи се прашања на кои мораме да одговориме со конкретни и долгорочни мерки – рече тој.

    Велковски посочи дека преку програми за вработување, поддршка за стартапи, ослободување од данок за младите, гарантирана работа за најдобрите студенти и обуки за дигитални вештини, може да се создадат услови за подобра иднина и да се задржат младите во Македонија.

    – Во Македонија мора да функционира системот за да ги задржиме младите. Само преку силни институции, квалитетно образование, сигурни работни места и јасни перспективи за иднина, младите ќе можат да најдат причина да останат и да се развиваат тука. Решенијата мора да бидат системски, а не само моментални, за да создадеме стабилна средина која ќе ги поттикне да останат, вложуваат и градат иднина во својата татковина. Одлуките што ги носиме денес во Собранието ќе ја одредат нашата иднина утре – посочи Велковски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img