More

    Велика Британија ќе испрати два брода во Украина за демонтирање мини од Црното Море

    spot_img

    Велика Британија ќе испрати два брода на Кралската морнарица во Украина наменети за демонтирање мини од Црното Море, соопшти британското Министерство за одбрана.

    Министерот за одбрана Грант Шапс рече дека бродовите ќе му помогнат на Киев повторно да ги отвори важните извозни рути кои се блокирани од почетокот на руската инвазија на Украина, пишува Би-Би-Си.

    Тој додаде дека верува оти бродовите ќе ги олеснат напорите за деминирање на Црното Море.

    Нема информации како Лондон планира да го реши проблемот со бродовите кои влегуваат во Црното Море.

    „Сепак, сè уште има прашања како и кога бродовите ќе можат да влезат во Црното Море, при што Турција го контролира пристапот преку Босфорот“, рече Шарпс.

    Министерството за одбрана објави и дека Велика Британија започнува акција со Норвешка при што ќе собираат средства за второрочна поддршка за украинската морнарица.

    Шарпс рече дека оваа „коалиција“ ќе помогне да се изгради украинска морнарица способна да ја брани земјата во иднина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img