Велика Британија денеска експресно воведе санкции за пет руски банки и за три лица

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Велика Британија денеска експресно воведе санкции за пет руски банки и за три лица, соопшти премиерот Борис Џонсон. Тој во говорот пред пратениците во Долниот дом на парламентот додаде дека ова е само првиот пакет санкции и оти тие ќе бидат проширени доколку ситуацијата ескалира.

Станува збор за банките „Росија“, „ИС Банка“, „Генерал банка“, „Промсвјазбанк“ и „Црноморска банка“, како и санкции против Генадиј Тимченко, Борис Ротенберг и Игор Ротенберг, што важат за многу богати Руси, блиски до претседателот Путин.

– Целиот имот што го поседуваат во Обединетото Кралство ќе биде замрзнат, а на засегнатите лица ќе им биде забрането да патуваат овде и ќе им забраниме на сите британски поединци и ентитети да имаат каква било работа со нив. Ова е првата транша, првиот бараж од она што сме подготвени да го направиме – рече Џонсон.

Кризата во Украина од синоќа го достигна својот пик, откако рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Указот за признавање на независноста на самопрогласените републики Доњецк и Луганск, а потоа војската ја испрати во овие територии „за да се обезбеди мир“.

Share This Article