Почитувани верници, во мое лично име и во името на вработените во Општина Ресен, Ви го честитам најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.
Да се заблагодариме на Бога за неговата милост, и нека Христовото воскресение го осветли секој еден дом со благослов за здравје, среќа и спокој во секое семејство.
По тешкиот изминат период на пандемија и несакани предизвици, да не заборавиме да го следиме патот на светлината, да ја подаруваме безусловно љубовта кон нашите најближни, сограѓани и кон нашата татковина.
Христос Воскресе!
Навистина Воскресе!