Велешанка сакала да го израдува сопругот кој е во затвор

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.Г.(31) и К.Г.(32), двајцата од Велес, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

„На 02.03.2022 првопријавената С.Г., по претходен договор, преку карго пошта, во пакет заедно со други продукти му испратила хероин на нејзиниот сопруг, второпријавениот К.Г., кој бил на издржување казна затвор во Казнено-поправен дом Штип, а при извршен преглед од вработени во затворот хероинот бил откриен и одземен“, се вели во полицискиот билтен.

Share This Article