Вее на неколку патни правци

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег на планините и на повисоките места и од дожд и снег во пониските предели. Попладне ќе почне да дува засилен северозападен ветер, кој ќе се задржи и во текот на ноќта, кога на повеќе места ќе биде силен со над 80 километри на час, а на планините и над 90 километри на час, што ќе предизвика нагло опаѓање на температурата кон недела.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен дожд, кој во делови од котлината ќе преминува во снег, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој во текот на ноќта дополнително ќе засили. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Од УХМР известуваат дека утре времето ќе биде променливо облачно и значително постудено, а на места ќе провејува снег и ќе дува силен северен ветер.

Во следните денови ќе се задржи стабилно, студено и ветровито време со минимални температури и под -10 степени, а на места и дневните ќе бидат под нула. 

Врнежи од снег кој не се задржува на коловозот утринава има на Крива Паланка, Страцин, Куманово, Павлешенци, Преод, Струга, Охрид, Ресен, Крушево и на планиските премини Буково, Ѓавато и Железнец.

На граничните премини од македонска страна, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Share This Article