Вечерва во 21 часот во МКЦ, во рамки на овогодинешната програма на МОТ, ќе биде изведена претставата „Go figure it out“ на короеграфката Афдријана Данчевска

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вечерва во 21 часот во МКЦ, во рамки на овогодинешната програма на МОТ, ќе биде изведена претставата Go figure it out на короеграфката Афдријана Данчевска, за која таа во Белград на 26. издание на Фестивалот за кореографски минијатури, освои две награди: Прво место од жирито и Наградата од публиката.

Вечерва во 21 часот, скопската публика ќе може да ја види развиената верзија на кореографијата во салата „25 Мај“ во Младинскиот културен центар, во која ќе настапат  танчерите на Скопје танцов театар: Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Бобан Русески и студентите на Катедрата за современ танц при Универзитет Гоце Делчев: Сара Димовска, Клара Христова, Илина Костовска. Музиката е на Александар Гроздановски, а костимографијата на Адријана Данчевска.

Адријана Данчевска е една од првите млади кореографи на Скопје танцовиот театар, воден од Рисима Рисимкин во Северна Македонија. Работи како танчерка и кореографка и е асистент на Катедрата за современ танц при Универзитетот Гоце Делчев, Штип. Магистрира кореографија на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕСРА, Скопје-Париз-Њујорк во 2019, каде и дипломира во 2014 година на Скопје танцовата академија. Дел е од професорскиот тим на првиот CEEC Summer Dance Camp во Кина 2015 година. Истата година како танчер работи на Танец Прага со Јукио Сузуки и Balkan Dance Project vol.1 со Игор Киров и Александар Илиќ. Во 2016 ја создава Symbol, изведена на МОТ со танчерката и кореографка Александра Петрушевска.

Во 2017 работи како кореограф на Универзитетот за убави уметности во Цирих, ZHdK. Премиерата на w r o n g е во Цирих, а подоцна е изведена и со Скопје танцовиот театар на Dance Fest Skopje, Silk Road Festival, Кина; SHARE, Словачка во 2017 и Holland Dance Festival во 2018.

Во 2018 ја подготви  D.O.L со Скопје танцовиот театар за отворањето на Танц фест Скопје во Македонскиот народен театар.

Во 2020 Данчевска го кореографира и режира и првиот македонски танцов филм Дома“ по кого следи и Дома/перформансот изведен на Танц фест Скопје 2020. Во 2021 го креира дуетот Не ми ги допирај очите кој се поистоветува со македонската политичка сцена и има повеќе изведби во Северна Македонија(Танц Фест Скопје; МСУ, Скопје), Хрватска (Недела на современ танц, Загреб), Латвија( Лајкс Дејот, Рига). Последната претстава на Данчевска е Go Figure It Out, премиерно изведена во Македонскиот народен театар во Април, 2022.

Како танчар игра на повеќе фестивали како: Battery Dance Festival, USA; Holland Dance Festival; Silk Road, China; Meet in Beijing; Tanec Praha; Its Festival, Amsterdam; Masdanza, Canary Islands; Tanzmesse, Cologne; San Vicente, Croatia; Ankara Solo Dance Festival; Contemporary dance week, Zagreb, Croatia.

Share This Article