More

    Вечерва свечена академија по повот Денот на Свети Климент Охридски

    spot_img

    Во Охрид се во тек низа активности по повод одбележувањето на утрешниот голем празник, 8 Декември, Денот на Свети Климент Охридски, патронот на градот.

    Централен настан е Свечената академија, која ќе се одржи вечерва во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. На Академијата ќе биде врачена Свети Климентовата награда, која, оваа година, ја доби архимандритот Нектариј од манастирот „Св. Наум Охридски“.

    Со многубројни свечености се одбележува и патрониот празник на гимназијата „Св. Климент Охридски“.

    Денеска напладне, во големата сала на Општина Охрид, ќе биде одржана промоција на делото „Книгата за светите браќа Климент и Наум“ од проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.

    Книгата е во издаваштво на општина Охрид, уредник е Митре Вељаноски, по чии заложби досега е објавена едиција на значајни дела од македонската историја, лингвистика и книжевност.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img