Алекс Салмонд поранешен прв министер на Шкотска почина денеска во Охрид, каде учестувувал како панелист на вториот Форум за културна дипломатија.
„За жал, Алекс Салмонд, поранешниот прв министер на Шкотска кој беше еден од панелистите на вчерашниот форум за културна дипломатија што се одржа во Охрид, денес ненадејно почина“, информираат од Канцеларијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.
Поранешниот претседател Иванов изразува длабоко и искрено сочувство до семејството.
Во чест на Салмонд вечерва ќе се одржи комеморација на која ќе се обрати поранешниот претседател Иванов, заменикот-генерален секретар на ОН Моратинос, како и дел од учесниците на форумот. На комеморацијата ќе присуствува и претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Салмонд вчера имаше излагање на второто издание на Форумот за културна дипломатија во коорганизација на кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“ и Институтот за културна дипломатија од Берлин.
Салмонд од 2007 до 2011 година беше прв министер на Шкотска.