По повод 8 Септември – Денот на независноста, во касарната „Илинден“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата.
Како што информираат од Генералштабот на Армијата, претходно, во попладневните часови во период по 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со еден плотун од артилериските орудија.