Вчера во 13.40 часот во СВР Тетово, од Ургентен центар Тетово било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Тетово, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад во кругот на основното училиште во кое учел. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.