Важно е децата утре да почнат со настава – Шаќири вели да се најде решение за пропуштените часови

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска изјави дека очекува одлука од Самостојниот синдикат на вработените во образованието, науката и културата (СОНК) утре да започне наставата во основното и средното образование и оти треба да се разгледа начин за потполно постигнување на планираната наставна програма.

– Ќе разгледаме секаков вид на можност за менаџирање на ситуацијата заедно со Бирото за развој на образование и со наставниот кадар. Но, за мене многу е важно утре да започне наставата во сите основни и средни училишта – истакна Шаќири на новинарско прашање како ќе се надомести изгубената настава во деновите од штрајкот, по настанот за примопредавање на ректорската функција на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Шаќири воедно дополни дека со планираниот колективен договор ќе има исплата на К-15 и ќе се разгледаат можностите за надомест на патните трошоци на сите што патуваат во подалечни подрачја.

Советот на СОНК попладне треба да донесе конечна одлука дали ќе го прифати постигнатиот договор на раководството на СОНК со Владата за зголемување на платите за 12 проценти, со што би прекинал штрајкот во училиштата и градинките.

Share This Article