Ватикан ја откажа средбата на папата Франциско со рускиот патријарх Кирил

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Католичкиот поглавар папата Франциско откри дека неговата средба со рускиот патријарх Кирил била закажана за јуни, но дека таа мора да биде откажана бидејќи може да „создаде конфузија“ во сегашниот контекст.

Тоа требаше да биде нивна втора средба по историската средба во 2016 година.Во интервју за аргентинскиот дневен весник La Nacion, објавено денеска, папата увери дека неговите односи со патријархот Кирил се „многу добри“ и рече дека жали што Ватикан морал да откаже уште една средба со патријархот Кирил, која требаше да се одржи во јуни во Ерусалим. .

„Сепак, нашата дипломатија процени дека средбата на двајцата во овој момент може да донесе многу конфузија“, рече папата во очигледна алузија на војната во Украина.

Папата и патријархот имаа историска средба во Куба во февруари 2016 година, прва средба на поглаварите на две големи христијански цркви по речиси илјада години и важен чекор кон зближување на Ватикан и руските православни.

Сепак, од почетокот на руската офанзива во Украина на 24 февруари, водачите на двете цркви имаат дијаметрално спротивни ставови, наведува агенцијата Франс прес.

Папата Франциско ги повторува повиците за мир, ја осудува страшната суровост во Украина.

Патријархот Кирил, кој е сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, ја бранеше воената операција и во средината на април повика на собир околу владата за борба против „надворешните и внатрешните непријатели“ на Русија.

Во средината на март, поглаварите на двете цркви имаа видео разговор за војната во Украина за време на кој изразија желба за „праведен мир“, соопшти Московската патријаршија. Но и во таа прилика папата посочи дека црквата не треба да „го користи јазикот на политиката“, се вели во соопштението од Ватикан.

Share This Article