Ватикан понуди услуги со вештачка интелигенција околу базиликата „Свети Петар“, обезбедувајќи виртуелен пристап до нејзините архитектонски богатства од ренесансната ера.
Во соработка со технолошкиот конгломерат „Мајкрософт“ и „Иконем“, компанија специјализирана за дигитализација на културно-историски знаменитости, Ватикан ја пушти во употреба новата интерактивна страница, којашто е дигитална разгледница за базиликата.
Засега ќе има две ВИ-изложби.
– Свети Петар е како ѕвезденото небо во летна ноќ, маѓепсани сте од неговата сјајност! – вели кардиналот Мауро Гамбети, истакнувајќи дека новите алатки ќе нудат искуство налик набљудување со телескоп или од вселенски брод.
Базиликата дневно ја посетуваат 40.000 до 50.000 луѓе.