More

    Василев денеска го доби мандатот од Радев

    spot_img

    Асен Василев, од бугарската владејачка партија „Промените продолжуваат“, кој попладнево беше номиниран за премиер, на заминување од претседателската институција по доставувањето на првиот истражувачки мандат за формирање влада, изјави дека прво мора да се најде политичка поддршка, а потоа ќе се разговара за нејзиниот состав, јавува дописникот на МИА од Софија.

    – Исклучително е важно работите кои се вклучени во програмата на идната бугарска Влада за следните шест месеци да се случат токму во овој период – додаде Василев.

    Тој посочи дека „Промените продолжуваат“ сака да има 121 народен претставник кои многу јасно стојат зад оваа програма како и да застанат против големите бизнис интереси кои се обидоа да се протнат низ претходната влада на Бугарија и кои доведоа до нејзино паѓање.

    Доколку првиот истражувачки мандат е неуспешен, тогаш бугарскиот Устав предвидува уште два обиди за формирање нова влада на Бугарија, при што третиот обид е по избор на партијата од Националното собрание е целосно во рацете на претседателот на Бугарија и нема значење колку е таа голема. Доколку и третиот обид биде неуспешен, тогаш претседателот Румен Радев го распушта Националното собрание на Бугарија и назначува преодна влада која мора да одржи предвремени парламентарни избори во земјата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img